По  потпишувањето на Меморандумот за соработка, помеѓу Институтот ,,Конфуциј”, при универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’, и Општина Карпош, кој се склучи неодамна, денешната средба беше резервирана за директорките на основните училишта во Карпош. На работниот состанок се презентираше работата на Институтот и планираните активности во иднина, кои ќе се реализираат во училиштата на територија на Општина Карпош.

                        Во рамки на меѓусебната соработка, ќе се организираат едукативни активности преку континуирано образование по кинески јазик за учениците од училиштата во Општина Карпош, преку организација на културни настани, семинар и работилници за реализација на заеднички проекти, како и взаемно информирање со училиштата во надлежност на Општината за настани, презентации и културни активности и размена на информации со училиштата во Карпош за членување во домашни и меѓународни професионални здружение. Меѓу другото, ќе се организираат активности насочени  кон одбележувањето разни прослави, годишнини, јубилеи и културни активности.

                        На средбата, присуствуваа ректорот на Институтот, проф. Никола Јанкуловски, проф. Д-р Лијао Веј, кинески директор како и неколкумина професорки од ,,Конфуциј”, кои ги презентираа своите вештини, односно професорки по пеење, цртање знаци со конкретно значење – калиграфија, свирење на најпознатиот кинески народен инструмент Хулузи, како и изработка на форми од украсна хартија. На претставници од Општина Карпош, присутните вработени од Одделението за образование, заедно со Раководителката на Одделението, Емилија Арсовска и директорките на основните општински училишта,  им беше подарена калиграфијата, која професорката ја црташе на состанокот, како благодарност за соработката и гостопримството.