Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претседателот на Советот на  општина Карпош, Сашо Лазаровски, денеска во просториите на локалната самоуправа одржаа работна средба со семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили на Македонија, кои ги положија своите животи пред олтарот на татковината, за време на конфликтот во 2001 година.

На средбата присуствуваа и претставници од Здружението на загинатите бранители, како и претставници од Министерството за одбрана и од Министерството за внатрешни работи.

 

Првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски,  го прифати барањето на семејствата на паднатите македонски херои, да се изгради спомен-обележје  во чест на „македонските синови“, на локација која дополнително ќе се утврди.  Локалната самоуправа, покрај ова, води грижа за семејствата на загинатите бранители кои живеат на територијата на општина Карпош, преку обезбедување на еднократна парична помош и училишна стипендија за децата на македонските херои.