ПОЛУГОДИШЕН  ИЗВЕШТАЈ За водени управни постапки во Општина Карпош – Сектор инспекторат за период од 01.01.2022 год. до 30.06.2022 год.

 

  1. Полуодишен извештај за извршен инспекциски надзор Овластен  инспектор за животна средина

Овластениот инспектор за животна средина контролира-

  • Контрола на документацијата која ја поседува правниот субјект,
  • Контрола на суровини, материјали и енергии произведени или употребени од страна на правниот субјект,
  • Утврдување на податоци за емисии во почва, површински води, атмосферата, податоци за бучава и вибрации како и податоци за неопасен отпад во координација со акредитирана лабараторија за животна средина,

Утврдување дали правниот субјект соглсно дејноста која ја врши подлежи на изработување на Елаборат, а за чие одобрување е надлежен  Градоначалникот на општината, Градоначалникот на град Скопје и Градоначалникот на општините во градот Скопје,

  • Мониторинг или следење на степенот на загаденоста на амбиенталниот воздух на територија на општина Карпош и превземање соодветни мерки,
  • Врз основа на иницијатива или барање – пријава поднесена од државни органи,физички или правни лица, а каде се наведува дека има индиции за зголемено ниво на бучава, или загадување на амбиенталниот воздух, водата, почвата и сл. овластениот инспектор за животна средина повикува акредитирана лабараторија за вршење на испитување на нивото на бучава како и нивото загадување на амбиенталниот воздух и во најкраток рок да достави технички извештај за извршеното мерење до овластениот инспектор за животна средина.
  • Извештајот за реализација на Годишната програма за работа на овластениот инспектор за животна средина на општина Карпош, е изработен согласно методологијата утврдена за изготвување на Годишната програма, со конкретно презентирани податоци.

 

Т А Б Е Л А Р Е Н      П Р Е Г Л Е Д

за извршен инспекциски надзор на овластениот инспектор за животна  средина во општина Карпош за период од јануари до јуни 2022 год.

Ред.бр.       Изготвени управни акти Кумулативна состојба со 30.06.2022 год.
1. Изготвени записници за извршен инспекциски надзор 37
2. Контролни надзори 37
3. Изготвени решенија 24
4. Записник за порамнување/платен налог /
5. Барање од граѓани / одговори 25

 

  1. Полугодишен извештај за извршен инспекциски надзор Овластен  инспектор за домување за период од јануари до јуни 2022 година

       Општина Карпош за овој период , за работните активности за спроведување на Годишната програма во инспекцискиот надзорот за домување,  има овластено лице кое ги извршуваше работите со примена на Закон за домување, почитувајќи ги пропишаните норми и стандарди за домување и дали се уредени закупничките односи  во согласност со истиот закон.

Овластениот  инспектор за домување врши инспекциски надзор над:

  • Станбени;
  • станбено-деловни и
  • деловно-станбени згради

Во Извештајот се содржани барањата од граѓаните доставени до Општина Карпош, кои се однесуваат од заедници на сопственици и од индивидуални лица (станари), а кои се однесуваат на проблематиката сврзана со функционирањето на Законот за домување.

 

Т А Б Е Л А Р Е Н      П Р Е Г Л Е Д

за извршен инспекциски надзор на овластениот инспектор за домување во општина Карпош за период од јануари до јуни 2022 год.

Ред бр. Изготвени управни акти Кумулативна состојба со 30.06.2022 год.
1. Писмени барања од граѓани, од заедница на станари и институции 46
2. Вкупно барања за инспекциска постапка 32
3. Вкупен број на Записници од извршен инспекциски надзор 15
4. Вкупен број на

Решенија

15
6. Вкупен број на

известувања

25
7. Вкупен број на

Задолжени барања

46
8. Вкупен број на

Платни налози

/

 

  1. Полугодишен извештај за извршен инспекциски надзор Овластен  градежен инспектор за период од јануари до декември 2021 година

Во делот на градежната инспекција во Одделението за урбанистичка и градежна инспекција, Општина Карпош има вработено административен службеник на местото – овластен градежен инспектор, кој во периодот на кој се однесува овој извештај  бил под менторство и обука за стекнување на лиценца за овластен градежен инспектор и сеуште не работел самостојно.

Административниот службеник ќе почне да ги обавува своите работни должности односно ќе спроведува инспекциска постапка од Јули 2022 година, по стекнување со лиценца за овластен градежен инспектор согласно Закон за иснпекциски надзор.

                Овластениот градежен инспектор врши надзор над :

  • градби од втора категорија
  • градби од член 73 од Законот за градење
  • урбана опрема
  • времени објекти
Реден број Изготвени управни акти Кумулативна состојва со 30.06.2022 год.
1 Писмени иницијатива од граѓани 58
2 Записник за инспекциски надзор /
3 Решение за прекинување на градба /
4 Решение за отстранување /
5 Заклучок за дозвола на извршување /
6 Извршени предмети /

 

Т А Б Е Л А Р Е Н      П Р Е Г Л Е Д

за извршен инспекциски надзор на овластениот  градежен инспектор во општина Карпош за период од јануари до јуни 2022 год.

  1. Полугодишен извештај за мандатни казни на комунални редари во Сектор Инспекторат за период од јануари до јуни 2022 година

Активностите на општинските комунални редари се засноваат врз вршење на контроли над примена на следните законски прописи:

  • Закон за јавна чистота („Службен весник на Република Македонија“ бр. 111/08, 64/09, 88/10, 114/10, 23/11, 53/11 , 80/12 , 163/2013, 44/15, 147/15 и 31/16, )
  • Закон за комунални дејности („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12, 163/13, 42/14, 44/15,31/16 и 64/18);

 

Контролата на одржувањето на јавната чистота во согласност со Законот за јавната чистота во моментов ја вршат комунални редари. Комуналните редари ја вршат контролата и надзорот на состојбата на целата територија на општината во рамките на своите надлежности по урбани заедници.

 

Т А Б Е Л А Р Е Н      П Р Е Г Л Е Д

На изречени мандатни казни од страна на комуналните редари

Ред.бр. Изготвени управни акти Кумулатива состојба со 30.06.2022 год.
1. Изготвени записници од извршена контрола при сторен прекршок 51
2. Изготвени мандатни казни 51
3. Донесени потврди за општокорисна работа /
4. Платени мандатни казни 38

 

  1. Полугодишен извештај за извршен инспекциски надзор на комунален инспектор во Сектор Инспекторат за период од јануари до декември 2021 година

Во делот на комуналната инспекција во Одделението за комуналната инспекција, Општина Карпош има вработено административен службеник на местото – овластен комунален инспектор, кој во периодот на кој се однесува овој извештај  бил под менторство и обука за стекнување на лиценца за овластен комунален инспектор и сеуште не работел самостојно. Административниот службеник ќе почне да ги обавува своите работни должности односно ќе спроведува инспекциска постапка од Јули 2022 година, по стекнување со лиценца за овластен комунален инспектор согласно Закон за иснпекциски надзор.

 

Скопје, Јуни 2022

 РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР

Богданка М. Мучева, дипл. прав.