Општина Карпош започнува со реализација на проект за психолошка поддршка на онколошки пациенти со цел да им обезбеди бесплатна, стручна и континуирана поддршка на пациентите, жени и мажи, преку организирање на групни терапевтски средби.

Во период од 9 месеци, со почеток од април 2026 година, ќе се реализираат групни сесии во кои учесниците ќе добијат:

  • Безбеден простор за споделување
  • Емоционална поддршка
  • Техники за справување со стрес и анксиозност
  • Чувство на заедница и разбирање.

 

Главната цел на овој проект кој е дел од програмските активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за оваа година, е подобрување на менталната благосостојба, намалување на анкзиозноста и зајакнување на психолошката отпорност и емоционалната стабилност кај учесниците.

Средбите ќе бидат реализирани од стручен тим предводен од лиценциран психолог Тамара Стојчевска.

Сите заинтересирани граѓани може да се пријават на тел.број 076/439-663