Проект REPLACE

  Иднината е во обновливите и енергетски ефикасни системи за греење и ладење !

Половина од  потрошувачката на енергија во Европа се користи за греење или ладење. Во моментов, 80 милиони системи за греење и ладење се неефикасни.

  • Општина Аеродром/Карпош/ Ѓорче Петров е целна општина во проектот REPLACE кој има за цел да ги мотивира и под0држи луѓето во девет различни земји да ги заменат своите стари системи со еколошки алтернативи. 
  • ЦеПроСАРД/Хабитат/ЗЛЕК е член на работната група во проектот REPLACE кој има за цел да ги мотивира и поддржи луѓето во девет различни земји да ги заменат своите стари системи со еколошки алтернативи.

Едноставни мерки за реновирање кои ја намалуваат целокупната потрошувачка на енергија се исто така дел од програмата. Првиот преглед на информации и на македонски јазик за овој проект може да го направите на ново отворената веб-страница на REPLACE.

Проектот е насочен кон сите чинители вклучени во секторот греење и ладење: крајни потрошувачи, посредници – монтери, енергетски контролори како и инвеститори и сопственици на згради. Повеќе информации за начините на кои можат да профитираат овие чинители може да се најдат на веб-страницата. Во текот на времетраењето на проектот, веб-страницата ќе стави на располагање голем број корисни материјали, на пример:

  • материјал за обука на посредници кои имаат намера да спроведат одржливи системи или технички прирачници со насоки за планирање и финансирање,
  • лесно разбирливи упатства за крајните потрошувачи кои ја објаснуваат техничката опрема и економските аспекти,
  • калкулатор кој ќе им помогне на сите целни групи да ги заменат на неефикасните системи за греење преку проценка на заштеда на енергија, заштеда на пари, поголема удобност или намалување на стакленички гасови.

Проектот е финансиран од ЕУ во рамките на програмата за истражување и иновации „Хоризонт 2020“ со Договор бр. 847087. Вкупно 11 партнери во девет земји ќе ги здружат силите и ќе го направат греењето и ладењето во Европа почисто и поефикасно. Земји-партнери на проектот REPLACE, покрај Македонија се Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Германија, Србија, Словенија и Шпанија.

За повеќе информации следете ја веб-страната на проектот REPLACE: https://replace-project.eu/