ПРОЕКТ ЗА ПОКВАЛИТЕТНО И КРЕАТИВНО ОБРАЗОВАНИЕ
- мај 26, 2016
- 0
Под мотото ,,Добри практики – синоним за успешност’’, Одделението за образование, денеска во ООУ ,,Владо Тасевски’’ го презентираше проектот со кој Општина Карпош работи на подигнување на квалитетот на наставно-научниот процес во училиштата на нејзина територија.
Како што беше истакнато, првиот човек на локалната самоуправа Стевчо Јакимовски, постојано се заложува за унапредување и модернизирање на образованиот процес, сé со цел основците да се едуцираат во поквалитетни кадри, а нивните родители да бидат задоволни од квалитетот на услугите. Токму тие два столба: Стратегија за развој на образованието во основните училишта и Истражувањето на задоволството на родителите од квалитетот на услугите или попопуларно насловено ,, Гласот на родителите ‘’, се клучни елементи во овој проект кој трае една година.
Стратегијата за развој пак, како што се нагласи во презентацијата, се состои од пет точки: визија, стратешки цели, програми, проекти и конкретни цели. Преку ,, Онлајн ‘’ методата и прашалник, се мери степенот на задоволство на родителите од наставната програма одржана и реализирана во Општината. Учесници во овој проект се сите десет основни училишта од Карпош, вклучувајќи по пет одделенски наставници, пет родители, педагог и директор на училиштето, односно вкупно 120 учесници. Целта на овој проект е, поттикнување на креативноста и развој на талентите на учениците, подобра инфраструктура и менаџирање на образовниот процес, со кој ќе се постигне севкупно подобро образование.
На крајот од презентацијата, претседателот на Советот на Општина Карпош Сашо Лазаровски, на координаторите на проектот од основните училишта од Општината им подели „флип чарт табли“ и дополнителен помошен материјал, со што ќе се збогати наставната содржина во самите училишта.