ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА ЗА ПОДИГАЊЕ НА ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО КАРПОШ
- март 5, 2026
- 0
Во соработка со колективниот постапувач – Друштво за управување со отпад „ГРЕЕН РОАД “ДООЕЛ Скопје, Општина Карпош продолжи со акцијата за подигнување на стари отпадни возила без регистарски таблички, кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа.
Согласно позитивните законски прописи, Општината со соодветна налепница ги информира сопствениците за нивната законска обврска да ги дислоцираат возилата од односната локација. По истекување на рокот, Општина Карпош во корелација со овластениот колективен постапувач, го извршува дислоцирањето на возилата.
Повторно апелираме до сите граѓани кои поседуваат ваков тип на возило и на кое веќе е залепена налепница и е спроведена инспекциска постапка од страна на официјалните инспекциски служби од Општина Карпош, да ги отстранат своите возила. Доколку не го сторат тоа, возилата ќе бидат отстранети на трошок на сопствениците и ќе бидат транспортирани во собирен центар-депо, каде што ќе бидат оставени седум дена, а потоа ќе бидат однесени на рециклирање. Акцијата ќе продолжи се до конечно подигнување и отстранување на сите отпадни возила од територијата на локалната самоуправа.









