продолжи акцијата за подигање на стари отпадни ( хаварисани) возила
- април 22, 2025
- 0
Во текот на минатата недела продолжи акцијата за подигање на стари отпадни ( хаварисани) возила согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад, во соработка со Колективниот постапувач со кој Општина Карпош има склучено договор за соработка.
Подигaњето се изврши на територија на ул. Милан Марковиќ како и ул. Џумајска на возила без регистарски таблички кај кои рокот од 10 дена од залепена налепница за дислокација на истото е изминат.

Акцијата продолжува до конечно подигање на сите отпадни возила на територија на Општина Карпош.