ПРОДАВНИЦИ, МАРКЕТИ И АПТЕКИ КОИ ЌЕ РАБОТАТ ВО КАРПОШ ПРЕТСТОЈНИОТ ВИКЕНД
- април 10, 2020
- 0
Општина Карпош издаде повеќе известувања за определување за работа за време на полициски час (сабота и недела), на субјекти кои се занимаваат со достава на храна и лекови на територија на Карпош. Имено, издадени се известувања на повеќе локални продавници, маркети, ресторани и аптеки кои ќе вршат достава на продукти, а претходно аплицираа на Јавниот повик на локалната самоуправа.
Општина Карпош преку урбаните заедници постави известувања на влезовите од згради, на неколку маалски продавници, маркет и аптеки кои ќе вршат достава на неопходни продукти за време на викендот.
За време на викендот ќе работат и други ресторани, локали кои ќе вршат пица достава и слично, но согласно укажувањата од институциите, Општината ги објавува локалите кои можат да обезбедат неопходни продукти за секое домаќинство.
МАРКЕТИ/ПРОДАВНИЦИ
- ВЕРО МАРКЕТ: 075-488-129 и 075-499-782 (врши достава)
- ДЕНИС ФРЕШ (ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК): 070 – 210 – 533 (врши достава)
- СТАРИ КОМЕРЦ (КОЛОНИЈАЛ): 071 – 575 – 414 (врши достава)
- ТАЦ МАЦ (КОЛОНИЈАЛ): 070 – 357 – 577 (врши достава)
- БАРДИ ТРЕЈД (реон Бардовци): 075 – 582 – 525
АПТЕКИ
- ЗЕГИН: 078 – 214 – 892 (врши достава)
- ЕУРОФАРМ: 02/ 55 14 580
Градоначалникот Стефан Богоев ги повика сите граѓани да ги почитуваат мерките, да останат дома и да не ја злоупотребуваат поддршката од маркетите и аптеките.
- Седете дома! Посветете време на вашите блиски, разговарајте и споделувајте убави моменти. Овие години се оттуѓивме од непосредната комуникација. Сега, можеме да бидеме со тие кои ги сакаме, но и да се поврземе преку социјалните мрежи со нашите пријатели. Само така ќе придонесеме овој период да трае пократко. Коронавирусот ќе помине. Но, треба и целата заедница да се промени. Да станеме посовесни и поодговорни граѓани и животот да го цениме постојано, а не само кога сме во неволја, изјави Богоев во видео обраќање.