Овластени лица од сертифицирана фирма која ја ангажираше Општина Карпош, деновиве вршат проверка на исправноста, протокот и притисокот на хидрантската мрежа и противпожарните апарати во основните училишта и детските градинки кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа. Станува збор за акција која е дел од редовните активности на Одделението за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од Општина Карпош. Инаку, овие активности се преземаат во насока на зголемување на нивото на безбедност од пожар, како превентивна мерка за контрола и увид во фактичката состојба со објектите во кои учат и престојуваат помладата генерација карпошани.