На националното Државно првенство по пливање за основни училишта, кое се одржа на 14 септември, учениците од ООУ ,,Владо Тасевски” освоија многу награди.

Така, Ирина Трифуновска, натпреварувајќи се во возрасна категорија за жени, за четврто и петто одделение, освои прво место на 50 метри во дисциплината краул и второ место  на 50 метри во дисциплината градно. Учениците  Илина Маловска и Јаков Оскоруш го освоија второто место на 50 метри во дисциплина градно, натпреварувајќи се во возрасна група, четврто и петто одделение во машка и женска конкуренција.

Матео Попчевски, Никола Ивановски и Тамара Трифуновска, го освоија второто место на 50 метри во дисциплината градно, натпреварувајќи се во возрасна категорија, осмо и деветто одделение во женска и машка конкуренција. Ученикот Давид Неделковски го зазема второто место на 50 метри краул, исто така во возрасна категорија, осмо и деветто одделение.

                        Основците постигнаа високи натпреварувачки места, како резултат од нивната макотрпна работа и тренинг. Државното првенство беше организирано од Федерација на училишен спорт, општина Аеродром и Сојуз на училишен спорт- Аеродром, а истиот се одржа на базенот Аеродром попознат како воен базен.