Поттикнување на женското претприемништво и зајакнување на постоечкото преку вмрежување и политики за поддршка на жени претприемачи од Општина Карпош
- мај 23, 2025
- 0

Во рамките на проектот ќе се организираат повеќе настани – трибини, панел-дискусии и неформални кафе-дружења – со цел унапредување и поддршка на жените претприемачи од Општина Карпош. За подобра комуникација, мапирање на постоечките ресурси и идентификување на предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачи, ќе се креира единствена база на жени претприемачи од Општина Карпош. Ве покануваме да се регистрирате и станете дел од оваа база. Вашите податоци ќе се користат исклучиво за потребите на проектот и за идна соработка со Локалниот совет за женско претприемништво.

Повеќе информации на contact@abw.mk