ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- февруари 3, 2026
- 0
Се свикува 8. седница на Советот на Општина Карпош за 06 февруари 2026 година (петок), со почеток во 10.00 часот.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување записник од 3. (свечена) седница
- Усвојување записник од 4. седница
- Усвојување записник од 6. седница
- Предлог-Одлука за утврдување на надоместок на членовите и Претседателот на Советот на Општина Карпош
- Предлог-Решение за формирање на Комисија за изработка, следење и спроведување на едногодишни Акционени планови за спроведување на мерки и активности дефинирани со ЛЕАП 3 (Локален Еколошки Акционен План)
- Предлог-Одлука за расходување на средствата на опремата и ситниот инвентар по извршениот попис за 2025 година
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година
- Предлог-Правилник за условите, начинот и постапката за доделување на еднократна парична помош (лекување и социјален ризик)
- Предлог-Решение за именување-верификација на членови од редот на Советот на Општина Карпош за формирање Комисија за доделување на еднократна парична помош (лекување и социјален ризик) за 2026 година
- Предлог-Одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на Јавната установа општинска детска градинка „Мајски Цвет“, Општина Карпош- Скопје
- Предлог-Одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на Јавната установа општинска детска градинка „Орце Николов“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на Јавната установа општинска детска градинка „Распеана Младост“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Мајски Цвет“ Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Орце Николов“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Распеана Младост“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување член во училишниот одбор на општинското основно училиште „Војдан Чернодрински“ Општина Карпош – Скопје
- Предлог-Решение за определување на член во Одбор за соработка и доверба со јавноста на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“– Факултет за електротехника и информациски технологии
- Предлог- Решение за определување на член во Одбор за соработка и доверба со јавноста на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Факултет за Драмски уметности Скопје
- Предлог-Одлука за поништување на Одлуката за давање на согласност за издавање под закуп кафетерија и сала кат 1 – дел од спортска сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје
- Предлог-Одлука за давање на времено користење без надоместок просторија од објект спортска сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје во сопственост на Општина Карпош на Младински центар – Карпош
- Предлог-Одлука за давање на времено користење без надоместок просторија од објект спортска сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје во сопственост на Општина Карпош на Ресурсен центар – Карпош
- Предлог-Одлука за давање на времено користење без надоместок просторија од објект спортска сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје во сопственост на Општина Карпош на Црвен Крст на Град Скопје
- Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Oпштинa Карпош за вршење стручно-административни работи и издавање одобрение за поставување урбана опрема и одобрение за вршење дејност надвор од деловен простор
- Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје за вршење надлежности од областа на инспекцијата
Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Општина Карпош (сала за совет).
Телефон за контакт – 070/410-631









