Почитувани, денеска четврток со почеток во 10 часот ќе се оддржи продолжението на 12-та Седница на Совет на Општина Карпош.

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитет за туризам и менаџмент Скопје.

ДНЕВЕН РЕД

 

  1. Предлог-Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт З 09 (опфат помеѓу бул. Партизански одреди, ул. Франклин Рузвелт, бул.Митрополит Тедосије Гологанов и бул. 8-ми Септември), Општина Карпош – Скопје,
  2. Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт Детален урбанистички план за Градска четврт ССЗ 01, Блок 6, Општина Карпош – Скопје,
  3. Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт детален урбанистички план за градска четврт Ј 03, Блок Ј 03.11, Општина Карпош Скопје,
  4. Предлог-Одлука за техничка исправка за ГП 4.2 од Измена и дополна  на Детален Урбанистички План за населба Влае 1, дел А (Одлука бр. 08-895/1 од 10.07.2002 година),
  5. Предлог-Одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на градежна парцела со намена Г3.1-Индустриски сервиси, сервиси за одржување на моторни возила на ГП 2.2.5 од ДУП Момин Поток, на КП 802/2, 802/3, 802/4, 802/5 и дел од 7093/1 и 802/1. КО Злокуќани, Општина Карпош,
  6. Предлог-Одлука за давање согласност од членовите на Советот на Општина Карпош да се откажат од надомест за присуство на седници во период од една календарска година,
  7. Предлог-Одлука за обележување со видна ознака на сите возила во сопственост на Општина Карпош,
  8. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување на претседател и членови на Комисијата за прописи бр.09-7329/9 од 12.11.2021 година,
  9. Предлог-за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година,
  10. Предлог-Одлука за давање согласност за распишување Јавен повик за свикување Иницијативен одбор за конституирање на Локалното собрание на млади на Општина Карпош,
  11. Предлог-Одлука за давање согласност за времено давање на користење без надомест на недвижни ствари во сопственост на Општина Карпош (1 деловна просторија на надземниот премин Влајко) на Здружение на Крводарители и подржувачи на крводарителството КРВОДАРИТЕЛ Скопје,
  12. Предлог-Заклучок за усвојување Извештај од Комисија за објавување Јавен повик и спроведување на постапка за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош бр. 11 – 2842/13 од 08.2022 година,
  13. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за поправка и санација на кровен покривач на станбена зграда за колективно домување на бул.„Партизански одреди“ бр.149/1, Општина Карпош-Скопје,
  14. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за замена на азбестен кровен покривач на индивидуален станбен објект (куќа) на ул.„Козле“ бр.130А, Општина Карпош-Скопје,
  15. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за замена на азбестен кровен покривач на индивидуален станбен објект (куќа) на ул.„Милан Марковиќ“ бр.14а, Општина Карпош-Скопје,
  16. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за замена на азбестен кровен покривач на индивидуален станбен објект (куќа) на ул.„Поп Богомил“ бр.12, Општина Карпош-Скопје,
  17. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за замена на азбестен покровач на индивидуален станбен објект (куќа) на ул.„Јуриј Гагарин“ бр.71А, Општина Карпош-Скопје,
  18. Предлог-Одлука за субвенционирање на ужинки за учениците во општинските основни училишта на Општина Карпош за месеците септември, октомври, ноември и декември за учебната 2022/2023 година,
  19. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за награди за полуматуранти-првенци на генерација од општинските основни училишта на територијата на Општина Карпош за учебната 2021/2022 година,
  20. Предлог-Одлука за начинот и условите за давање на користење училишен простор и спроведување на други активности во врска со основните општински училишта на територија на Општина Карпош,
  21. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за купување на периодични паркинг картици за корисници жители на Општина Карпош од СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ- Скопје-трговски центар Скопје Сити мол,
  22. Предлог-Одлука за прифаќање донација односно Пренос на право на сопственост на компјутерска опрема од Програмата за развој на Обединетите нации на Општина Карпош,
  23. Предлог-Одлука за одобрување финансиска поддршка на Здружение за спорт и рекреација на граѓани и млади и лица со посебни потреби „Денсерс Јунајтед“-Скопје,
  24. Предлог-Одлука за измена и дополна на Одлука за основање на Центар за развој на Скопски плански регион,
  25. Предлог-Локален акциски план за вработување на Ромки за 2022 година,
  26. Предлог-Решение за разрешување и именување членови во Управниот одбор на Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“, Општина Карпош-Скопје,
  27. Предлог- Иницијатива до Подрачна единица за Министерството за внатрешни работи на РС Македонија во Општина Карпош
  28. Предлог-Одлука за изготвување на Стручен елаборат за сустензија на применување за Блок 08 од ДУП за Градска четврт 305, помеѓу булИлинден, бул.8-ми Септември, бул.Партизански одреди и ул.Љубљанска, донесена со Одлука на Совет бр.07-7546/4 од 06.11.2013 година и
  29. Предлог-Одлука давање согласност за промена на корисникот за електрични броила од Општина Карпош на основните училишта на територијата на Општина Карпош.