ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- декември 22, 2025
- 0
Се свикува 6. седница на Советот на Општина Карпош за 26 декември 2025 година (петок), со почеток во 09.00 часот.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување записник од 3. (свечена) седница
- Усвојување записник од 4. седница
- Усвојување записник од 5. седница
- Предлог – Решение за именување на претседател и членови на Комисијата за изработка на Програмата за работа на Советот за 2026 година
- Предлог-Одлука за утврдување надоместок на членовите на Општинска изборна комисија – Карпош и избирачките одбори на подрачјето на Општина Карпош за извршената работа во подготовката и спроведувањето на Локалните избори 2025 година
- Предлог-Одлука за формирање на Штаб за заштита и спасување и Просторна единица за заштита и спасување на Општина Карпош
- Предлог-Програма за урбанистичко планирање за 2026 година
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Карпош за 2026 година
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на екологија и енергетската ефикасност за 2026 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на развојот за 2026 година;
- Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Карпош за 2026 година;
- Предлог-Програма за изградба, редовно и инвестиционо одржување и зимско одржување на сервисни, станбени улици и локални патишта на подрачјето на Општина Карпош за 2026 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на културата за 2026 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на спортот за 2026 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2026 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2026 година;
- Предлог-Програма за активностите во областа на заштита и спасување на граѓани и материјални добра за 2026 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на информатичката технологија за 2026 година;
- Предлог – Програма за активностите на Општина Карпош во областа на месната самоуправа за 2026 година
- Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на еднакви можности меѓу жените и мажите во Општина Карпош за 2026 година;
- Предлог-Програма за одбележување на 50-годишнината од формирањето на Општина Карпош;
- Предлог – Програма за активностите на Општина Карпош во областа на односите со јавноста и информации на граѓаните за 2026 година
- Предлог-Програма за уривање на објекти кои се бесправно изградени на територија на Општина Карпош и асистенција за 2026 година
- Предлог-Буџет на Општина Карпош за 2026 година;
- Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Карпош за 2026 година;
- Предлог-Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2026 година
- Предлог-Одлука за вредноста на бодот на платите на државните службеници за 2026 година;
- Предлог-Буџетски календар за 2026 година,
- Предлог-Заклучоци од Советот на Општина Карпош против дезинформациите за мигрантски кампови и политичките манипулации
- Предлог – Одлука за давање согласност за закуп на магацински простор во сопственост на ДПТУ „Лапласт-М“ ДООЕЛ, за 2026 година
- Предлог-Одлука за давање согласност за закуп на деловен простор на улица „Букурешка“ бр. 2, локал 2, Општина Карпош-Скопје, за 2026 година
- Предлог-Одлука за организирање на продолжен престој во IV (четврто) одделение во општинските основни училишта во Општина Карпош за 2026 година
- Предлог-Правилник за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за општинските основни училишта на подрачјето на Општина Карпош за 2026 година
- Предлог – Одлука за прифакање на донација од КАМ ДОO
Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Општина Карпош (сала за совет).









