ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- јуни 2, 2025
- 0
Се свикува шеесет и шеста седница на Советот на Општина Карпош за 03 јуни 2025 година (вторник), со почеток во 10.00 часот.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување записник од 65. седница на Советот на Општина Карпош
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на Екологијата и Енергетската ефикасност за 2025 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Карпош за 2025 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2025 година
- Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2025 година
- Предлог – Одлука за суспензија на одредени делови од Детален урбанистички план за Градска четврт З 08, (бул. Илинден, ул. Франклин Рузвелт, бул. Партизански Одреди и бул. 8 ми Септември) Општина Карпош – Скопје
- Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за изменување и дополнување на Детален урбанистички план за Градска четврт З 08, (бул. Илинден, ул. Франклин Рузвелт, бул. Партизански Одреди и бул. 8 ми Септември) Општина Карпош – Скопје блок 1 и блок 2;
- Предлог – Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување член во Управниот одбор на Јавната установа општинска детска градинка „Распеaна Младост“, Општина Карпош – Скопје
- Предлог – Решение за изменување и дополнување на Решението за именување член во училишниот одбор на општинското основно училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“ Општина Карпош – Скопјe
- Предлог – Одлука за наградување со екскурзија – патување во детски камп Каливас Грција на училишната спортска екипа на ООУ Петар Поп Арсов во футсал (момчиња) за освоено прво место на национално првенство во училишен спорт, организирано од Федерација на училишен спорт на Македонија одржано на 14 – 15.05.2025 година во Кочани и Делчево
- Предлог – Одлука за поништување на Одлука за изведба на рампа на влезот во паркингот на ЈЗУ Универзитетски институт за позитронско емисиона томографија
Седницата на Советот ќе се одржи во Универзитет Скопје (Универзитет за туризам и менаџмент Скопје).