ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- мај 9, 2025
- 0
Се свикува шеесет и петта седница на Советот на Општина Карпош за 15 мај 2025 година (четврток), со почеток во 10.00 часот.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување записник од 64. седница на Советот на Општина Карпош
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Карпош за 2025 година
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на информатичката технологија за 2025 година
- Предлог – Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2025 година до 31.03.2025 година
- Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт З 09 (опфат помеѓу бул. Партизански одреди, ул. Франклин Рузвелт, бул.Митрополит Теодосиј Гологанов и бул. 8-ми Септември), Општина Карпош – Скопје
- Предлог – Заклучок за задолжување на Секторот за урбанизам во врска со стручниот елаборат за суспензија на делови од Детален урбанистички план за Градска четврт З 09 (опфат помеѓу бул. Партизански одреди, ул. Франклин Рузвелт, бул.Митрополит Теодосиј Гологанов и бул. 8-ми Септември), Општина Карпош – Скопје
- Предлог – План за изменување и дополнување на План на програми за развој на Општина Карпош за 2025-2035 година
- Предлог – Одлука за давање согласност за промена на корисникот на електрично броило од корисник Општина Карпош на корисник Град Скопје
- Предлог – Одлука за наградување на професори – тренери и индивидуално прогласени ученици спортисти во училишните спортски игри Карпош 2025
- Предлог – Одлука за наградување со меѓународна повеќедневна екскурзија на училишните спортски екипи и индивидуално прогласени ученици спортисти за постигнат успех во училишните спортски игри Карпош 2025
- Предлог – Правилник за еднократна финансиска поддршка за спорт и рекреација
- Предлог – Правилник за финансиска поддршка на спортски клубови од подрачјето на Општина Карпош – Скопје
- Предлог – Одлука за давање согласност за користење на Сала повеќенаменска – дел од спортска сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје
- Предлог – Одлука за давање согласност за користење на Мала сала – дел од спортска сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје
- Предлог – Одлука за давање согласност за издавање под закуп кафетерија и сала кат 1 – дел од спортска сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје
- Предлог – Одлука за давање согласност за издавање под закуп на објект во сопственост на Општина Карпош, Спортско адреналински парк – Карпош
- Предлог – Одлука за давање согласност за започнување постапка за оттуѓување на патнички моторни возила
- Предлог – Одлука за отстапување на користење на просторија од објект спортска сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје во сопственост на Општина Карпош на Меѓународно здружение на граѓани „Културно Ехо-Скопје’’
Седницата на Советот ќе се одржи во Универзитет Скопје (Универзитет за туризам и менаџмент Скопје).