Се свикува шеесет и првата седница на Советот на Општина Карпош за 07 февруари 2025 година (петок), со почеток во 09.00 часот.

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.

 

За седницата се предлага следниот

                                                                                                                                                                  

 

ДНЕВЕН РЕД

 

 

  1. Предлог – Одлука за утврдување на вклопување на бесправен објект изграден на КПбр.660/5 КО Долно Водно во урбанистичко-планска документација заради усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето
  2. Предлог – Одлука за утврдување на вклопување на бесправен објект изграден на КПбр.646/40 КО Долно Водно во урбанистичко-планска документација заради усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето
  3. Предлог – Одлука за утврдување на вклопување на бесправен објект изграден на КПбр.1972/2, КП 1968/5 и КП 1972/9 КО Нерези во урбанистичко-планска документација заради усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето
  4. Предлог – Одлука за утврдување на вклопување на бесправен објект изграден на КПбр.1132/2, КП 1132/4-дел и КП 3384-дел КО Нерези во урбанистичко-планска документација заради усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето
  5. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување надоместок за градежно земјиште за населените места на подрачјето на Општина Карпош бр.072823/4 од 28.04.2010 година
  6. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување надоместок за градежно земјиште за населените места на подрачјето на Општина Карпош, вон границите на ГУП на Град Скопје број 09-3848/5 од 10.05.2022 година
  7. Предлог – Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на нови градежни парцели од ГП 05.01 од ДУП населба Злокуќани опфат “А” со намена В2 – здравство, КО Злокуќани, Општина Карпош, поднесено од БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје.
  8. Предлог – Одлука за расходување на средствата на опремата и ситниот инвентар по извршениот попис за 2024 година
  9. Предлог – Одлука за симнување од сметководствената евиденција на вонбилансни ставки
  10. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.10.2024 година до 31.12.2024 година
  11. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Мајски Цвет“ Карпош-Скопје
  12. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Орце Николов“, Општина Карпош-Скопје
  13. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“, Општина Карпош-Скопје
  14. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за формирање на Комисијата за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет во Јавната установа општинска детска градинка „Распеана Младост“, Општина Карпош-Скопје
  15. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за опожарен дуќан – опожарени стоки (текстил)