Во вторник (08.10.2024) ќе се оддржи педесет и трета седница на Советот на Општина Карпош со почеток во 9.00 часот.

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.

За седницата се предлага следниот

                                                                                                                                                                  

ДНЕВЕН РЕД

 

  1. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на екологија и енергетска ефикасност за 2024 година,
  2. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на територијата на Општина Карпош за 2024 година,
  3. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на културата за 2024 година,
  4. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на спортот за 2024 година,
  5. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2024 година,
  6. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2024 година
  7. Предлог-Програма за изменување на Програмата за одбележување на 48-годишнината од формирањето на Општина Карпош
  8. Предлог-Правилник за изменување на Правилникот за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективното домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош за 2024 година
  9. Предлог- Правилник за изменување на Правилникот за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради за колективното домување во Општина Карпош за 2024 година
  10. Предлог-Буџет за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Карпош за 2024 година
  11. Предлог-Мислење на Програмата за изведување на ученички екскурзии и други ученички активности во ООУ „Вера Циривири Трена “, Општина Карпош-Скопје за 2024/2025 година
  12. Предлог-Мислење на Програмата за изведување на ученички екскурзии и други ученички активности во ООУ „Владо Тасевски“, Општина Карпош-Скопје за 2024/2025 година
  13. Предлог-Мислење на Програмата за изведување на ученички екскурзии и други ученички активности во ООУ „Војдан Чернодрински“, Општина Карпош-Скопје за 2024/2025 година
  14. Предлог-Мислење на Програмата за изведување на ученички екскурзии и други ученички активности во ООУ „Јан Амос Коменски“, Општина Карпош-Скопје за 2024/2025 година
  15. Предлог-Мислење на Програмата за изведување на ученички екскурзии и други ученички активности во ООУ „Лазо Трповски“, Општина Карпош-Скопје за 2024/2025 година
  16. Предлог-Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на цената на услугите за престој во ЈУОДГ „Мајски Цвет“ Општина Карпош Скопје
  17. Предлог-Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на цената на услугите за престој во ЈУОДГ „Орце Николов“ Општина Карпош Скопје
  18. Предлог-Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на цената на услугите за престој во ЈУОДГ „Пролет“ Општина Карпош Скопје
  19. Предлог-Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на цената на услугите за престој во ЈУОДГ „Распеана Младост“ Општина Карпош Скопје
  20. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на ученик за освоен златен медал на меѓународна математичка олимпијада „КОПЕРНИКУС“, во Њујорк, на Колумбија универзитет
  21. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства на наставник ментор за освоен златен медал на меѓународна математичка олимпијада „КОПЕРНИКУС“, во Њујорк, на Колумбија универзитет