Утре петок (15.09.2023) со почеток во 10 часот ќе се одржи триесет и прва седница на Советот на Општина Карпош. Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.

За седницата се предлага следниот                                                                             

ДНЕВЕН РЕД

  • Усвојување на Записник од 29та седница на Советот на Општина Карпош

 

  1. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2023 година до 30.06.2023 година
  2. Предлог-Решение за давање согласност на Годишен план за вработување на Општина Карпош за 2024 година,
  3. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на култура за 2023 година
  4. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детска, социјална и задравствена заштита за 2023 година
  5. Предлог-Одлука за одобрување средства за плаќање надоместок за персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување за невработени лица ангажирани како воспитувачи и негуватели со лиценца во предучилишните установи на територијата на Општина Карпош
  6. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за награди за полуматуранти – првенци на генерација – парична награда во општинските основни училишта на   Општина Карпош за учебната 2022/2023 година 
  7. Предлог-Заклучок за усвојување Иницијатива со која Советот на Општина Карпош ќе достави предлог до Собранието на Република Северна Македонија за усвојување измени во потребните закони и протоколи за набавка на неопходните најнови медицински помагала за сите лица со дијагноза Дијабетес Тип 1
  8. Предлог-Одлука за давање на согласност за спогодбено преземање на административен службеник
  9. Предлог-Одлука за давање согласнот за времено отстапување на користење движни ствари-мотоцикл без странична приколка и мопед сопственост на Општина Карпош на Полициска станица од општа надлежност Карпош
  10. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите за давање на користење училишен простор и спроведување на други активности во врска со основните општински училишта
  11. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на јавната установа општинска детска градинка „Мајски Цвет“, Општина Карпош-Скопје
  12. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на јавната установа општинска детска градинка „Орце Николов“, Општина Карпош-Скопје
  13. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на јавната установа општинска детска градинка „Пролет“, Општина Карпош-Скопје
  14. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на јавната установа општинска детска градинка „Распеана Младост“, Општина Карпош-Скопје
  15. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување за 2023 година на општинското основно училиште „Војдан Чернодрински“, Општина Карпош-Скопје
  16. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на општинското основно училиште „Аврам Писевски“, Општина Карпош-Скопје
  17. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на општинското основно училиште „Братство“, Општина Карпош-Скопје
  18. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на општинското основно училиште „Владо Тасевски“, Општина Карпош-Скопје
  19. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на општинското основно училиште „Војдан Чернодрински“, Општина Карпош-Скопје
  20. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на општинското основно училиште „Димо Хаџи Димов“, Општина Карпош-Скопје
  21. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на општинското основно училиште „Јан Амос Коменски“, Општина Карпош-Скопје
  22. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на општинското основно училиште „Лазо Трповски“, Општина Карпош-Скопје
  23. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“, Општина Карпош-Скопје
  24. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2024 година на општинското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“, Општина Карпош-Скопје
  25. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување член во Управниот одбор на Јавната установа општинска детска градинка „Распеана Младост“, Општина Карпош-Скопје
  26. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување член во Управниот одбор на Јавната установа општинска детска градинка „Орце Николов“, Општина Карпош-Скопје
  27. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување член во Управниот одбор на Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“, Општина Карпош-Скопје
  28. Предлог-Решение за давање согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈУОДГ „Орце Николов“ Општина Карпош Скопје
  29. Предлог-Решение за давање согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на ЈУОДГ „Орце Николов“ Општина Карпош Скопје
  30. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување член во училишниот одбор на општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“, Општина Карпош-Скопје
  31. Предлог-Одлука за прифаќање донација од ОКИТЕКС ДОО извоз увоз Скопје
  32. Предлог-Одлука за прогласување ништовност на Одлука бр.09-4488/29 од 07.06.2023 година за утврдување правила во урбанистичко планирање и спроведување на параметри во рамки на дефинирана градежна парцела за реализација и спроведување на урбанистички план.
  33. Предлог-Одлука за прекин на рестрикциите на улично осветлување на територија на Општина Карпош
  34. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за замена на азбестeн кровeн покривач на индивидуалeн станбен објект (куќa) во Општина Карпош на улица Дамаска бр.2Б во Општина Карпош Скопје
  35. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за замена на азбестни кровни покривачи на индивидуалeн станбен објект (куќa) во Општина Карпош на улица Милан Марковиќ бр.48 во Општина Карпош Скопје
  36. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради за колективно домување во Општина Карпош на улица Партизански одреди бр.97 во Општина Карпош Скопје
  37. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради за колективно домување во Општина Карпош на улица Франклин Рузвелт бр.55/2 во Општина Карпош Скопје