Почитувани

Ве известуваме дека утре, вторник (06.02.2024) ќе бидат пуштени во употреба сензорните соби во градинката „Мајски цвет“ во У.З. „Владо Тасевски“ и во градинката „Орце Николов“ во У.З. „Карпош 3“. Отворањето на сензорната соба во градинката „Мајски цвет“ ќе биде во 11:15 часот, додека пак отворањето на сензорната соба во градинката „Орце Николов“ ќе биде во 11:45 часот, каде се очекува градоначалникот Стевчо Јакимовски да даде изјава за медиумите на таа тема.