ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА
- октомври 30, 2025
- 0
Вечерва (30.10.2025) со почеток од 19 часот, во Кинотеката на РСМ, официјално за сите посетители, ќе биде отворена групната изложба со наслов ,,Кога би насликал зборови”, на која со свои дела ќе се претстават 11 академски ликовни уметници од Општина Карпош. Настанот има за цел да ја афирмира уметничката сцена на општина Карпош која воедно е и покровител на оваа изложба и да ја истакне креативната енергија.
Изложбата ќе ја отвори Јордан Плевнеш, а љубителите на ликовните дела ќе имаат можност да ја погледнат до 10-ти ноември.









