ПОДЕЛЕНИ ХУМАНИТАРНИТЕ ПРАЗНИЧНИ ПАКЕТИ
- декември 30, 2015
- 0
Во рамките на 17-тата традиционална хуманитарна акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“, социјално загрозените семејства денеска ги добија празничните пакети. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски при другарувањето со овие карпошани, им ги подели пакетите кои се донација од хуманите граѓани од Општината и воедно им ги честиташе Новогодишните и Божиќните празници.
–Граѓаните на Карпош, заедно со локалната самоуправа собраа 90 пакети кои се поделени на семејства кои се наоѓаат во потешка материјална состојба, се со цел Новогодишните и Божиќните празници да ги поминат во што е можно подобра атмосфера. Во новата година посакувам финансиската состојба во која се наоѓаат да биде надмината и следната 2016 да биде многу побериќетна година – истакна Јакимовски.
Полните пакети содржеа трајни производи како и средства за хигиена, но не беа заборавени и најмалите жители на кои им беа поделени новогодишни пакетчиња. Оваа акција која се одржа изминатиот викенд пред поголемите супермаркети, се спроведува три пати годишно, и со радост е прифатена од сите карпошани.