ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И АНКЕТА ПО ПРЕДЛОГ ДУП СЗ 26, БЛОК 01
- мај 4, 2023
- 0
Општина Карпош ги информира граѓаните дека презема активности за организирање на повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог – Детален урбанистички план за Градска четврт СЗ 26, Блок 01. Притоа, во просториите на Општината (ул. Радика бр. 9), повторната Јавната анкета ќе биде отворена за жителите на Карпош во периодот од 10.05.2023 до 16.05.2023 година, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот.
Повторната Јавна презентација пак, ќе се одржи во петок (12.05.2023) со почеток во 13:00 часот, исто така во просториите на локалната самоуправа.
Инаку, Блок 01 како помала единица на градежно земјиште со површина 15.11ха е определена за детално планирање со Урбанистички план за Четврт СЗ 26 – на град Скопје (2017-2022), донесен со Одлука бр. 07-6446/1 од 18.07.2018 година.
Станува збор за простор чија граница се движи од север-североисток по градската магистрала булевар „Илинден“,од југ-југоисток по новопланираната сервисна улица ,,С1“ – ул. „Ацо Шопов“, а од запад, градската четврт СЗ 18 (границата на опфат ја дефинира новопланираната сервисна улица ,,С7“ – ул. „Фјодор Достоевски“). Во случајов, површината на Блок 01 во рамки на регулација е 13.06ха.
Анкетните листови за учество на повторната Јавна анкета ќе бидат изложени во просториите на Општина Карпош. Оттука, во определениот рок, заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот, можат да достават писмени забелешки на анкетните листови.
Линк до Соопштението —> https://bit.ly/3NCiEgM