О Г Л А С за финансиска поддршка на проекти од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2025 година

 

  1. Право на пријавување

На јавниот оглас можат да учествуваат сите заинтересирани физички лица, жители на Општина Карпош и правни лица регистрирани за дејности кои ја опфаќаат дејноста детска, социјална и здравствена заштита во сите области, а кои со своите програми, проекти и активности придонесуваат за развој на детската, социјалната и здравствена заштита во општината и пошироко.

Физичките и правните лица се должни во барањето да ги наведат причините, целите, очекуваните резултати и намената за кои ги бараат средствата

 

  1. Потребни документи и услови за учество

Физички лица:

  1. Лична карта во фотокопија,
  2. Изработен проект и
  3. Финансиски план на проектот ( административни и комуникациски трошоци,материјали за работа, хонорари со вклучен персонален данок )

 

     Правни лица

  1. Изработен проект,
  2. Финансиски план на проектот, ( административни и комуникациски трошоци,материјали за работа, хонорари со вклучен персонален данок )
  3. Тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија, не постара од 6 (шест) месеци од денот на доставување
  4. Краток опис на активностите од претходната година
  5. Портфолио
  • Критериуми за доделување на финансиска поддршка:

 

  1. Проектот да е од посебен интерес за граѓаните-жители на Општина Карпош
  2. Преку проектот да се постигне подобрување на воспитно – згрижувачката дејност во предучилишните установи во Општина Карпош
  3. Преку проектот да се даде поддршка и вклучување на деца со попреченост во основните училишта
  4. Преку проектот да се подобри на квалитетот на живеење и намалување на осаменоста кај старите лица
  5. Преку проектот да се овозможи социјално вклучување на маргинализираните групи на граѓани од Општина Карпош

 

  1. Висина на Финансиската поддршка и рангирање

Во зависнoст од приложените документи, Општина Карпош висината на финансиската поддршка ќе ја додели во рамките на своите можности.

 

       V.Начин на пријавување

     Документите можат да се достават во затворено плико по пошта на                      ул. „ Радика “ бр. 9 – Скопје или во Архивата на Општина Карпош, барака бр. 2, со ознака „ Не отворај “ и со назнака „ За финансиска поддршка на проекти од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за физички и правни лица за 2025 година“.

VI.Рок за поднесување на документите

Огласот временски не е ограничен и важи до исцрпување на финансиските средства, но проектите да бидат реализирани најдоцна до 31.12.2025 година.

Некомплетните документи нема да бидат разгледувани.