Утре, на спортското игралиште ,,Алумина “ во Карпош 3, со почеток од 9.30 часот, ќе започне училишниот рагби фестивал во организација на Француската Амбасада во Македонија, со поддршка на Општина Карпош.

Во рамки на рагби фестивалот, меѓу останатите учесници, ќе се натпреваруваат основците од четирите  училишта на територија на Карпош,  ,,Петар Поп Арсов” , ,,Димо Хаџи Димов”,  ,,Војдан Чернодрински” и ,,Братство”.