ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ НА УЧИЛИШНА ПОСЕТА ВО ГЕРМАНИЈА
- мај 26, 2025
- 0
Во рамки на образовната размена, учениците од ООУ „Владо Тасевски“ од Скопје го посетија германското училиште „Гесамтшуле Мите“ во Дуисбург. Оваа иницијатива претставува важен чекор во зајакнувањето на меѓукултурната соработка, продлабочување на јазичните познавања и вештини, како и пријателство меѓу младите од Северна Македонија и Германија.
Размената беше реализирана со силна поддршка од советникот Кира Шулте Лохов, бизнис заедницата од Дуисбург, почесниот конзул на Македонија во Северна Рајна Вестфалија, како и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Посетата овозможи учениците да разменат искуства, да учат едни од други и да создадат нови пријателства во духот на европска соработка и разбирање, при што беа инволвирани и одговорните наставници Санда Пулевска Гочев, Весна Киприноска Николовска, Сандра Станоевски и Бојана Божинова Манасијева.