На предлог на градоначалникот Стевчо Јакимовски, минатата недела заседаваше Советот на Општина Карпош на вонредна седница, со единствена точка на дневниот ред, доделување на финансиска помош на семејствата на настраданите граѓани во пожарот кој се случи неодамна во Кочани.

                Седницата започна со едноминутно молчење, во знак на почит кон жртвите кои ги загубија своите животи во оваа трагична несреќа. Оттука советниците од Карпош донесоа едногласна одлука, локалната самоуправа како чин на солидарност и сочувство кон семејствата на загинатите и повредените во катастрофалниот пожар, да додели парична помош во висина од еден милион денари. Средствата ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на РСМ, во фондот за солидарност.