Советот на Општина Карпош денеска заседаваше во рамки на редовната шеесет и втора дедница, каде советниците ги разгледуваа и полноправно одлучуваа по 35 точки која се најдоа на дневниот ред. На самиот почеток, службените лица од Полициската станица Карпош пред претставниците на Советот го презентираа Годишниот Извештај за работата на ЕВР „Карпош“ за 2024 година, по што советниците го усвоија Предлог – Заклучокот.

            Со мнозинство гласови од советниците беше изгласана и Завршната сметка на Буџетот на Општина Карпош за 2024 година, која е изработена врз основа на Законот за буџетите и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Во образложението на овој документ се наведува дека вкупните приходи на консолидираниот буџет се предвидени во износ од 1.455.639.000 денари и се релизирани вкупни расходи во износ од 1.348.768.875 денари. Во случајов приходите на општинскиот буџет се предвидени во износ од 707.331.000 денари, додека пак реализираните приходи вкупно изнесуваат 661.287.360 денари.

            По конструктивната расправа, советниците ја поддржаа и Предлог – Одлуката за започнување на постапка за доделување на договор, за воспоставување на јавно приватно партнерство (ЈПП) за давање на услуги на јавно осветлување во општина Карпош. Во таа насока, се предвидува проценета вредност на Договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за давање на услуги на јавно осветлување да изнесува 147.470.000 денари, а договорот би имал важност на траење од 10 години. Според Договорот за ЈПП се предвидуваат следниве активности:

  • Замена на 10.000 м” подземна инсталација од постоечките 112.000 м’ (метри должни); 
  • Замена на 10.000 м”  воздушна инсталација од постоечките 44.000 м’
  • Замена и одржување на 5.5м столбови, 1.230 од вкупно 4.500; 
  • Замена и одржување на 8м метални столбови, 20 од вкупно 550; 
  • Замена и одржување 8м дрвени столбови, 300 од вкупно 1.100;
  • Бојадисување и означуване на сите 4.500  метални столбови; 
  • Означување на сите 110 дрвени столбови со метална плочка со бројки и букви;
  • Сечење на гранки на околу 2.000 дрва најмалку еднаш годишно; 
  • Замена на светилки и тоа: 
  • ТИП 1 : LED интелигентна светилка   со LED модули 10W + 25W и комуникатор во NEMA кутија над самиот капак, 430 парчиња; 
  • ТИП 2 : LED интелигентна светилка   со LED модули 25W + 50W и комуникатор во NEMA кутија над самиот капак, 20 парчиња; 
  • Одржување систем, сервер и негово хостирање, комуникација за GSM во ормари, како и одржување на елементи во управувачкиот систем; 
  • Финансирање на Договорот за ЈПП од страна на приватниот партнер;

                                    Со истата динамика беше усвоен и Локалниот еколошки акционен план (ЛЕАП-3) на Општина Карпош за период од 2025-та до 2030-та година. Овој Стратешки документ го изработија стручните лица од локалната самоуправа во соработка со претставници од МАНУ, невладината ЦеПроСАРД, Јавните претпријатија „Дрисла“ и Водовод – Скопје, како и Министерството  за животна средина и просторно планирање. За поголема транспарентност на процесот, ЛЕАП-от ќе биде објавен на официјалната веб страница на Општина Карпош во претстојниот период.

                                    По широката дебата која се разви меѓу членовите на Советот, мнозинството советници го поддржаа и Решението за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување за 2025 година во локалната самоуправа. Потребното мнозинство од советниците го доби и Предлог – Решението за давање согласност на Правилникот за изменување и дополнување  на Правилникот за систематизација на работните места во ООУ  „Христијан Тодоровски-Карпош“. Изгласани беа и Предлог – Решенијата за имена на годишните планови за вработување за 2025 година на основните училишта „Војдан Чернодрински“ и „Вера Циривири Трена“. Советниците дадоа поддршка и за Одлуката за формирање на Комисија за прием на деца над капацитет и утврдување на критериумите за прием на деца над капацитет, во детските градинки на територија на Карпош.

                                    Потребен консензус беше постигнат и околу измените и дополнувањата на Програмата во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2025 година. Имено, во точката 2 Парична помош за лица/семејства во социјален ризик и лекување во делот ,,Предвидена финансиска рамка‘‘се брише предвидениот износ од 4.000.000 денари‘‘ и на нeгово место се запишува износот од 3.400.000денари. Изменувањето и дополнувањето се врши и во точка II „Проектни активности“,  на начин што по точката 11, се додава нова точка 12 Парична помош за поплава или пожар со финансиски средства во износ од 600.000денари.

                                    Советниците ја поддржаа Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт  J 02 – опфат помеѓу Жданец и Нерези,  локалитет А, Б и В, Општина Карпош. Просторот за кој се донесува ДУП-от е дефиниран помеѓу: (од  Североисток): По осовина на планирана улица според ГУП на Град Скопје од 2012год. ул. „Јужна Обиколница – Водно“, (од  Југ) : по граница на ГУП на Град Скопје од 2012 година.

                                    Советот даде „зелено светло“ и за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт  З 08, (бул. Илинден, ул. Франклин Рузвелт, бул. Партизански Одреди и бул. 8 ми Септември) Општина Карпош. Просторот за кој се донесува овој ДУП е дефиниран помеѓу: (на Север): по осовината на Бул.„Илинден”, (на Исток): по осовината на ул. „Франклин Рузвелт“, (на Југ): по осовината на Бул. „Партизански одреди) и (на Запад): по осовината на Бул. „8-ми Септември”. Оттука, Советот го изгласа и Предлог – Заклучокот со кој се задолжува Секторот за урбанизам од Општина Карпош во врска со стручниот елаборат за суспензија на делови од Деталниот урбанистички план за Градска четврт  З 08, (бул. Илинден, ул. Франклин Рузвелт, бул. Партизански Одреди и бул. 8 ми Септември). Во конкретниов случај, Секторот за урбанизам од Општина Карпош, НЕМА да издава акти за градежните парцели 1.48, 1.49, 1.53, 2.1 и 1.39 од ДУП-от за Градска четврт  З 08.

 

Поддршака доби и Предлог – Одлуката за утврдување на НацртИзмена и дополна на Детален урбанистички план за градска четврт ЦС 15, Блок 02, Општина Карпош. Предметниот  опфат  се  наоѓа на  североисточната  страна  од  Општина  Карпош,  поточно  на  северната  страна  од градската четврт ЦС 15.  Блокот  02  е  дефиниран  со  важечкиот  ДУП  за  градска  четврт  ЦС  15  –  Криви  Дол, (општина Карпош) за плански период 2013-2018 година.  Планскиот опфат кој е предмет на уредување со овој Детален урбанистички   план, зафаќа површина од 2,49 ха и неговата местоположба е дефинирана во   рамките на следните граници: (oд Североисток): од пресек на оска на планирана градска магистрала Булевар 8-ми Септември со оска на регулирано корито на река Серава, кон југозапад по  оска  на  планирана  градска  магистрала  Булевар  8-ми  Септември,  до пресек со оска на сервисна улицa 1699, (кон  Југоисток):  по  оска  на  сервисна  улицa  1699,  до  пресек  со  оска  на  планирана  индустриска улица „Драган Спиркоски Максо“, (кон  Исток):  по  оска  на  индустриска  улица  „Драган  Спиркоски  Максо“,  до  пресек со оска на регулирано корито на река Серава и (кон Северозапад): по оска на регулирано корито на река Серава, до пресек со оска  на  планирана  градска  магистрала  Булевар  8-ми  Септември  (почетна точка).

 

Во рамки на денешната седница беше изгласана и Одлуката за донесување на Урбанистички проект со План за парцелација за формирање на нови градежни парцели од ГП 05.01 од ДУП за населбата Злокуќани, со опфат „А” со намена В2 – здравство. Со овој план за парцелација се поделува постоечката градежна парцела со почитување на параметрите зададени во Изводот, потребата на инвеститорот  и  согласно  член  63  став  (1)  и    став  (2)  од  Законот  за  урбанистичко  планирање.

 

Со одлука на Советот, Општина Карпош ќе им додели финансиски средства во висина од 95.000 денари на Центарот за поддршка на лица со попреченост „ПРКОС“, за  проектот „10 совети за учтиво однесување со деца со попреченост“, кој ќе се реализира во основните училишта во Карпош. Со истата динамика Советот одобри а локалната самоуправа ќе исплати 100.000 денари финансиска помош, на жител од општина Карпош за опожарен дуќан и опожарени стоки. Општината ќе одвои и 150.000 денари како помош за санација на друг опожарен стан на граѓанин од населбата Тафталиџе 2, како и по 30.000 денари посебно на двајца жители од населбата Карпош 4, за да ги санираат штетите на нивните опожарени возила.

 

Советот со мнозински гласови ја поддржа  и Одлуката за прифаќање донација од Друштво за производство, трговија и услуги КАРА ДООЕЛ Скопје во висина од 826.000 денари. Станува збор за донација во вид на изработка на Основен проект со ревизија за сервисна улица СЕ-1 (дел од ул.Скупи 2369). Изработката на овој проект ги вклучува фазите на геомеханички истражувања, геодезија, патишта, хидро, електрика и сообраќај, како и Извештаи за извршена ревизија.

 

Советниците ја изгласаа и Одлуката за прифаќање донација од Канцеларија на Обединети нации за проектни услуги (УНОПС), со вкупна вредност од 149.773 денари. Станува збор за донација на 80 садници на расадени дрвја, со просечна старост од две до три години.