ОПШТИНАТА НАБАВИ НОВО ВОЗИЛО ЗА ТРАНСПОРТ НА ГРАНКИ И ЛИСЈА
- јануари 22, 2025
- 0
Согласно стратегијата и програмските активности кои ги планираше Секторот за екологија и енергетска ефикасност, Општина Карпош од својот буџет издвои околу 4,5 милиони денари за набавка на ново товарно возило со хидраулична преса, кое служи за транспорт на гранки, лисја и друг органски отпад. Во таа насока, денеска за првпат на теренот беше пуштено во употреба и ова специјализирано возило, со чија употреба ќе бидат удвоени капацитетите на општинските служби кои се грижат за одржување на јавната хигиена на територија на локалната самоуправа. Имено, Општината досега располагаше само со едно возило од овој тип, а позитивните ефекти од користењето на новата механизација ќе бидат забележливи во кус временски рок, во интерес на граѓаните и на одржување на здравата животна околина.