Овие денови, се пласираат лажни информации за работи за кои веќе е постигната согласност и Општината и граѓаните се на иста страна.

Се измислуваат работи кои воопшто не постојат во Предлог ДУП-от.

Имено, не се предвидува ниту нова населба, ниту пак Предлог ДУП – от се однесува за населеното место Жданец.

Исто така, со новиот Генерален урбанистички план целосно ќе биде избришана и јужната обиколница која треба да минува низ Водно, а често пати се споменуваше и во постапката на донесување на ДУП-от за Трнодол.

Сите забелешки во врска со Предлог ДУП-от граѓаните можат да ги поднесуваат во рамки на Јавната анкета, која трае од 13.12.2019 до 27.12.2019, од 08:00 часот до 18:00 часот, во просториите на УЗ „Кузман Јосифовски Питу“ (ул. „Стрезово“ бр.7).

Предлог ДУП-от за Градска четврт Ј03 Блок 7, за делот околу Трнодол се карактеризира со зголемена транспарентност во повеќето фази на негово донесување.

Со цел да се разјаснат сите дилеми и лажни информации кои се пласираа во јавноста, градоначалникот Стефан Богоев имаше повеќечасовна средба со засегнатите граѓани, а оствари и брифинг со новинари.

Како што информиравме и претходно, постигната е согласност за сите суштински работи од Предлог ДУП-от, и за посоченото, претставниците на граѓаните се потпишаа на Записникот од средбата со Богоев (во прилог е скенирана верзија од записникот).

 

Денеска, од 15:30 часот,  ќе се одржи и Јавната презентација во просториите на УЗ „Кузман Јосифовски Питу“. До Општината веќе пристигнаа информации дека ќе се блокира денешната Јавна презентација.

Во моменти кога е јасно дека Општината и граѓаните се на иста страна и постигнаа согласност за клучните работи, од политички и други побуди свесно се креираат кризи.

 

Локалната самоуправа ќе продолжи со отворениот пристап и зголемена транспарентност при носењето на деталните урбанистички планови.

 

4.30.    Во согласност со Законот за градење (Сл.Весник на РМ, бр.130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15), при изработка на проектна документација, заради конфигурацијата на теренот и карактеристиките на земјиштето, задолжително да се изработи елаборат за геомеханички и геотехнички испитувања.

 

Мерки за заштита и спасување од техничко-технолошки несреќи

Во рамките на планскиот опфат, во планираните капацитети со основна домување, комерцијални и деловни намени и комунална супраструктура (трансформаторски станици, телекомуникациски разводни ормари), како и предвидената можност за организација и уредување на компатибилни намени во функција на основната намена, доколку се одвиваат процеси, дејности и активности кои не побаруваат многу енергија, или создаваат голем промет на суровини, материјали и сообраќај и каде не се очекува да предизвикаат поголеми техничко-технолошки несреќи, при планирањето и проектирањето мора доследно да се применуваат законските регулативи кои ја регулираат соодветната проблематика, односно да се почитуваат одредбите од Законот за заштита и спасување (Сл. весник на РМ бр. 36/04, 49/04, 86/08, 124/10, 18/11, 93/12 – пречистен текст, 41/14, 129/15 и 106/16) и другите позитивни прописи со кои се регулира оваа проблематика.