ООУ ,,ПЕТАР ПОП АРСОВ” ДОМАЌИНИ НА ДЕТСКИОТ ХОР ,,КАМПАНЕЛА” ОД ЧЕШКА
- мај 2, 2025
- 0
По повод настап на детскиот хор ,,Кампанела” од градот Оломоуц, Република Чешка во ООУ ,,Петар Поп Арсов” , денеска, во холот на училиштето, се собраа ученици, родители и наставници, да го проследат музичкиот спектакл. Интересни и шаролики гласови, се споија во едно и звучеа извонредно од грлата на Чешките ученици но и од грлата на учениците од Петар Поп Арсов.
Имено, детскиот хор е дојден во Р. С. Македонија со цел да учествува на Меѓународен фестивал на фолклорни групи/хорови во Охрид. Како дел од нивната агенда беше и посетата на ООУ,,Петар Поп Арсов”.
Хорот ,,Кампанела” е основан во 1967 година и оттогаш претставува значаен дел од културниот живот на градот Оломоуц. Во текот на своето постоење, хорот одржал повеќе од 2.500 концерти и настапувал низ цела Европа, Азија, Америка и Африка. Кампанела со успех ја претставува Република Чешка на бројни меѓународни фестивали и натпревари за хорови.
На настанот, освен што се преставија двата хора, следуваше и кратка прошетка низ училиштето.
На музичкиот настап присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.