Во спортската сала „Наум Наумоски Борче – Партизан“ во Карпош, на 25 март 2026 година се одржа регионалниот машки турнир во одбојка за основни училишта. Турнирот донесе динамични натпревари, исполнети со фер и коректна игра, а публиката имаше можност да ужива во спортскиот дух и енергија.  

Во полуфиналните натпревари на училишниот турнир, ООУ „Св. Климент Охридски“ со сигурна и дисциплинирана игра славеше над ООУ „Гоце Делчев“ со резултат 2:0. Исто така и екипата од ООУ „Браќа Миладиновци“.доминираа на теренот против ООУ „Јоаким Крчовски“ и остварија победа со резултат 2:0.

 

Во борбата за бронзата, „ООУ Гоце Делчев“ успеа да се избори за победа и да го освои третото место откако со резултат 2:1 беше поуспешен од екипата на ООУ„Јоаким Крчовски“.

 

Во големото финале, екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“ успеа да слави со 2:1 против ООУ „Св. Климент Охридски“ и со тоа ја освои титулата шампион на турнирот. Победата им донесе заслужен трофеј и обезбеди место на државното првенство, каде ќе ја претставуваат училишната екипа како актуелни регионални прваци.