ООУ БРАТСТВО ,,ЧИТА ЗА ДА СТАНЕ ЛИДЕР“
- декември 16, 2016
- 0
Во ООУ ,, Братство“, денеска се одржа мрежниот настан,, Со читање до лидерство“ на кој учествуваат повеќе од 70 претставници од неколку основни училишта во Република Македонија и тоа: ООУ,, Никола Карев“ од Пробиштип, ООУ ,, Хасан Тахсини“, од с. Седларево, Општина Желино и ООУ,, Дервиш Цара“, од с. Долно Палчиште, Општина Боговиње.
Овој настан е организиран во рамките на проектот на УСАИД, со цел, оделенските наставници, стручните служби и раководството на овие училишта да разменат идеи за подобрување на почетната писменост кај учениците. Преку вмрежување и размена на искуства меѓу просветните работници и училишните раководства, наставниците добиваат одлична можност за постојан професионален развој.
На овој начин стручната служба и раководството на училиштата редовно се состануваат и разменуваат искуства преку развојни активности, разгледуваат предизвици и разменуваат позитивни практики со кои може да се подобри јазичната писменост кај учениците. Со овој проект, исто така, и учениците се состануваат, при што разменуваат идеи преку постери и ги презентираат предизвиците и решенијата на своите училишта.