ООУ „АВРАМ ПИСЕВСКИ“ ПРОСЛАВИ 36 ГОДИНИ ОД СВОЕТО ОСАМОСТОЈУВАЊЕ
- мај 27, 2022
- 0
Под мотото „Вистински се гледа само со срцето“, основците и наставниците од „Аврам Писевски“ на специфичен начин го одбележаа патронатот на своето училиште, кое се наоѓа во населбата Бардовци. Детскиот хор и оркестарот ја отворија оваа свечена манифестација, интерпретирајќи ја училишната химна.
Веднаш потоа, талентираните ученици ја изведоа драматизацијата на познатиот роман од писателот Антоан де Сент Егзипери – „Малиот принц“, кој се наметна како централна тема на приредбата. Денешната манифестација дополнително ја збогати музичкиот перформанс на младите бардовчани, кои изведоа ритмичка точка со песната „За овој свет“ на Тоше Проески.
На денешниот настан присуствуваа и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и Секретарот на Општината, Неделчо Крстевски. Во оваа пригода пред присутните се обрати директорката на ова основно училиште, Кристина Андриќ Стојановска, која напомена дека и претставува особена чест што работи со својот одличен тим од наставници, вбројувајќи го тука и останатиот училишен персонал.
- Особено сум горда што заедно успеавме да го издигнеме нашето училиште на едно високо образовно ниво, учествувајќи во бројни проекти, во и надвор од нашата општина – додаде директорката Стојановска.