ОДРЖАНА 19-ТА МЕЃУНАРОДНА ДЕТСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН“
- септември 26, 2025
- 0
Во галеријата на Детскиот ликовен центар кој се наоѓа во просториите на Кинотеката на Македонија, денеска заврши дводневната Меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“, која се реализираше по 19-ти пат. Во рамки на оваа манифестација која традиционално се одржува со поддршка на Општина Карпош, учествуваа 24 основци и осум ментори од Карпош по ликовно образование, од кои двајца ученици и еден ментор од збратимената општина Тиват.
Во текот на вчерашниот ден, младите уметници ги создаваа своите ликовни творби во дворот на туристичкиот комплекс – Македонско село, од каде ја црпеа мотивацијата за своите дела. Инаку, творбите беа работени на слободна тема во акрилна, гваш и темперна техника на платно. По тој повод денеска во просториите на Кинотеката на Македонија беа доделени дипломи на учесниците на ликовната колонија. Во таа насока претседателот на Детскиот ликовен центар, д-р Стојче Тоциновски и додели благодарница на Општина Карпош, за традиционалната поддршка на оваа манифестација.