ОДРЖАНА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ЗЕЛС
- декември 19, 2025
- 0
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, присуствуваше на конститутивната седница на Генералното собрание на ЗЕЛС, највисокото тело на Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Во рамки на седницата се избра новиот состав на Управниот и Надзорниот одбор, а за Претседател на ЗЕЛС, едногласно беше реизбран Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски.
ЗЕЛС има значајна улога во локалната самоуправа и претставува центар во кој се координираат активностите за подобрување на работењето на единиците на локалната самоуправа и се креираат политики и практики за јакнење на капацитетите на општините.
Општина Карпош ќе биде активен учесник во работата на ЗЕЛС и со заедничка соработка и проекти ќе се заложуваме за целосна децентрализација.









