Со свежо положено цвеќе, пред спомен обележјето на револуционерот Кузман Јосифовски – Питу, денеска, делегација од локалната самоуправа му оддаде почит на големиот македонски херој. Почитувачите на животното дело на великанот Кузман Јосифовски – Питу, ја одбележаа 72 – годишнината од неговото загинување.

 

Почит кон ликот и делото на истакнатиот борец за слобода, оддадоа и делегации на: Главниот одбор на сојузот на борците на Република Македонија, Градскиот одбор на СЗБ од НОАВМ, Општинската организација на сојуз на борци Карпош, претставници од Урбаната заедница Кузман Јосифовски – Питу, Организацијата на жени на општина Карпош, месната организација на Сојузот на борци ,, Орландиќ’’ , Здружението на пензионери – Карпош и Секцијата на жените борци – Карпош. Пригоден збор за ликот и делото на народниот херој презентира секретарот на Градскиот одбор на СЗБ од НОАВМ Скопје, Тодор Коцевски, кој исто така упати благодарност до општината Карпош за нејзиното ангажирање во уредувањето на просторот на спомен обележјето.