Во рамки на црковниот објект во населбата Средно Нерези, денеска, традиционално беше одбележан празникот Св. Пантелејмон. По тој повод, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во присуство со претставници на општинската администрација го посетија храмот Св. Пантелејмон, каде остварија и средби со граѓаните. На верската манифестација присуствуваа и претставници на Советот на Општина Карпош, кои во оваа пригода, си го честитаа празникот, пред сѐ посакувајќи си многу здравје, среќа и благосостојба.