Одбележан Меѓународниот ден на ретките болести во ООУ „Јан Амос Коменски“!
- февруари 28, 2025
- 0
По повод 28 февруари, Меѓународниот ден на ретките болети во нашето училиште преку разни активности и работилници учениците со своето активно учество го одбележаа овој значаен ден и дадоа своја поддршка за лицата кои имаат ретки болести. Учениците од 5а, 5б, 5в, 3а, 3б, 3в, 3г, 1а и 1в одделение инспирирани од слоганите „Реткоста инспирира“ и „Остави траг“ изработија прекрасни хамери и испратија најискрени желби до сите свои другарчиња и луѓе кои имаат ретка болест и им посакаа да бидат силни, храби и единствени.
При изработката на овие активности и работилници земаа учество учениците заедно со нивните оддленски наставници, стручната служба и образовните асистенти.
На взаемно задоволство на сите изработките беа истакнати во холот на училиштето.