По повод одбележување на 79 годишнината од ослободување на главниот град, тричлена делегација од Општина Карпош денеска положи свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, кој се наоѓа во непосредна близина на зградата на Владата на РСМ. Пред споменикот се поклонија и претставници од македонската Влада, од градската администрација, Сојузот на борци на НОВ, како и претставници од граѓански здруженија.

                Инаку во далечната 1944 година, нападот на надворешната одбрана на Скопје започнал на 11 ноември, кога бил скршен германскиот отпор кај Катланово и селото Лисиче. На 12 ноември, Третиот баталјон и Дванаесеттата бригада влегле во градот, а во ноќта помеѓу 12 и 13 ноември, заедно со ударните групи од градот, во уличните борби, тие успеале да ја совладааат германската одбрана и ги неутрализирале последните упоришта на окупаторот кои се наоѓале во Офицерскиот домНародната банка и Железничката станица. Во понатамошните борби до 16 часот попладне,  бил ослободен целиот град.