ОГЛАС за доделување на стипендии за талентирани ученици од основните училишта на територија на Општина Карпош за учебната 2025/2026 година
- јуни 2, 2025
- 0
ОГЛАС
за доделување на стипендии за талентирани ученици од основните училишта на територија на Општина Карпош за учебната 2025/2026 година
- Услови за доделување стипендија
- Да се жители на Општина Кaрпош;
- Да се редовни ученици во VIII или IХ одделение во основните училишта на
територија на Општина Карпош;
- Да имаат освоено I, II или III место на акредитирани натпревари;
- Да оствариле континуиран одличен успех во VI и VII одделение за ученици од VIII одделение, односно во VI, VII и VIII одделение за ученици од IX одделение.
- Критериуми за доделување стипендија
Право на разгледување имаат само дипломи за освоено I, II или III место од здруженија, сојузи, сојузи на друштва, асоцијации акредитирани од Министерство за образование и наука од областа на науката, литературата, техниката, културата и уметноста, од VII одделение за редовни ученици во VIII одделение, односно од VIII одделение за редовни ученици во IX одделение:
- I место на општински натпревар (0.5 бодови);
- I, II или III место на регионален натпревар (3 бодови,2 бодови,1 бод);
- I, II или III место на државен натпревар (8 бодови, 6 бодови, 4 бодови);
- I, II или III место на меѓународен натпревар (15 бодови, 12 бодови, 10 бодови);
- Златен, сребрен или бронзен медал на меѓународен натпревар (15 бодови, 12 бодови, 10 бодови).
Линк за акредитации од МОН: https://mon.gov.mk/content/?id=8626
- Освоените места на групни натпревари не се бодуваат.
- Натпревари кои се спроведени по електронски пат не се бодуваат.
- Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар во кој учествуваат ученици од најмалку 5 (пет) различни држави, на кој се споредуваат знаењата помеѓу учениците од различни држави и се врши рангирање на најдобрите ученици. Во прилог доказ/потврда од организаторот на натпреварот за бројот на државите-учесници.
- Потребни документи:
Со барањето, учениците треба да достават:
-Документ/доказ дека живее во Општина Карпош (копија од лична карта од
родител/старател);
-Потврда од училиштето дека е редовен ученик;
-Кратка биографија на ученикот (CV);
-Фотокопии од свидетелства како доказ за континуиран одличен успех:
- Свидетелства од VI и VII за ученици од VIII одделение
- Свидетелства од VI, VII и VIII за ученици од IX одделение;-
- – Фотокопии од дипломи од освоени места на натпреварите:
- Дипломи од VII одделение за редовни ученици во VIII одделение
- Дипломи од VIII одделение за редовни ученици во IX одделение;
- -Препорака од класен раководител/предметен наставник.
- Висина на стипендија и рангирање
Висината на стипендијата изнесува:
- за втора категорија 3.000,00 денари месечно за освоени од 8 до 15,5 бодови
- за прва категорија 3.500,00 денари месечно за освоени од 16 и повеќе бодови
Стипендиите се доделуваат за осум месеци во текот на учебната 2025/2026 година.
- Начин на пријавување
Документите се доставуваат во затворен плик во Архивата на Општина Карпош или по пошта на ул. Радика бр. 9 Скопје, со назнака „За доделување стипендии на талентирани ученици од основните училишта на територија на Општина Карпош за учебната 2025/2026 година“.
- Рок за поднесување на документи
Рок за поднесување на документите по Огласот е од 02.06.2025 година до 25.06.2025 година. Документите на кандидатите кои не се комплетни и не се навремено доставени нема да бидат разгледувани.
- Транспарентност
Огласот за доделување на стипендии за телентирани ученици за учебната 2025/2026 година, ќе се објави на веб страницата на Општина Карпош, и во два дневни весници, од кои во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
Напомена: На ученикот кој конкурирал за две стипендии во Општина Карпош (за образование и за спорт) и ги исполнил условите за добивање на двете стипендии, му се доделува само една стипендија по негов избор, врз основа на доставена изјава за која стипендија се одлучил.