ОГЛАС  

за доделување на Стипендии за талентирани спортисти, жители на Општина Карпош кои учат во VIII и IX одделение за 2025/26 година

 

  1. Услови за доделување стипендија
  • Да се жители на oпштината Кaрпош (адреса на живеење),
  • Потврда од училиштето дека спортистот во учебната 2025/2026 година ќе биде ученик во VIII или IХ одделение.

 

  1. Критериуми за доделување стипендија

Спортистот потребно е да има постигнување на индивидуални спортски резултати, потврдени од матичната национална спортска федерација и да се во согласност со календарот на натпревари на националните федерации за периодот од 01.09.2024 година до завршување на огласот:

  • национално првенство, oсвоено индивидуално I место (3 бода);
  • национално првенство, oсвоено индивидуално II место (0,5 бодa);
  • репрезентативец на Македонија, да има учество најмалку на еден натпревар и да се наведе кога, каде и со кого бил натпреварот (да се достави копија од записник, билтен или друг доказ од натпреварот), (3 бода);
  • награда за индивидуални постигнување на национално првенство или постигнување на рекорд (3 бода);

Останати успеси и резултати, нема да се земат предвид.  

 

 

  • Потребни документи
  • Биографија на спортистот,
  • Потврда од клуб дека е нивен член (фотокопија од спортска легитимација)
  • Важечки документ (потврда) издадена од матичната национална федерација за спортските успеси и резултати.

 

  1. Висината на стипендијата и рангирање

 

   Висината на стипендијата изнесува 3.000,00 денари и 3.500,00 денари месечно за осум месеци во текот на учебната година.

            За освоени до 2,50 бода, висината на стипендијата изнесува 3.000,00 денари.

            За освоени  3 (три) и повеќе бода, висината на стипендијата изнесува 3.500,00 денари.

             

  1. Начин на пријавување

            Документите се доставуваат во затворен плик во Архивата на Општина Карпош (барака 2) или по пошта  на ул. Радика бр. 9 – Скопје, со назнака „За доделување на Стипендии за талентирани спортисти жители на Општина Карпош кои учат во VIII и IX одделение за 2025/26 година.

 

  1. V Рок за поднесување на документи

Рокот за поднесување на документите е заклучно со 25.06.2025 година.

Документите на кандидатите кои не се комплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.  

            Напомена: Еден кандидат може да оствари право само на една стипендија. Кандидатите кои аплицирале – конкурирале за повеќе различни стипендии по објавени огласи (спорт или образование) од Општина Карпош и ги исполнуваат условите за добивање на повеќе од една стипендија, ќе добијат известување од службите во општината и врз основа на сопствен избор ќе се определат за една од стипендиите.