Општина Карпош изврши целосна санација на детското игралиште во Жданец.

Беа обновени детските реквизити, лулашките и тобоганот, а обновена е и урбаната опрема за релаксација на повозрасните сограѓани.

 

Во претстојниот период, локалната самоуправа ќе продолжи со санација на постоечките игралишта, но и со изведба на нови зони за рекреација на најмладите.

 

Апелираме до сите граѓани да имаат правилен третман кон детските реквизити и урбаната опрема и нивна заштита од оштетување.