НОСЕТЕ МАСКИ И НЕ СЕДЕТЕ ВО ГОЛЕМИ ГРУПИ
- август 27, 2020
- 0
Повик до граѓаните да носат заштитни маски, да одржуваат дистанца и да вршат почеста дезинфекција при посетата на маалските паркови, платоа и детски игралишта, се дел од советите кои претставниците од урбаните заедници на Општина Карпош и службеници од Секторот за дејности од јавен интерес ги упатуваат до граѓаните.
Локалната самоуправа започна со теренска информативна кампања, имајќи предвид дека голем број на граѓани поминуваат дел од своето време на отворен простор.
Изминативе денови се делеа информативни флаери во населбите Влае 2, „Владо Тасевски“ (Млечен), Козле и Карпош 2, а акцијата ќе продолжи и во другите населби.
Од теренските проверки, граѓаните во најголем дел ги почитуваат мерките, но има повеќе примери и на неносење заштитни маски и седење во поголеми групи. Во овие случаи, претставниците на Општина Карпош алармираа до граѓаните да одржуваат дистанца и да стават заштитна маска, затоа што сите носиме одговорност за намалување на ширење на овој вирус.
Комуналните служби на општината продолжуваат и со секојдневната дезинфекција и миење на улиците со цистерни, како и чистење на пофреквентните јавни површини.
Ги повикуваме сите граѓани и правни лица, во тек на продолжениот викенд уште повеќе да ги почитуваат мерките за заштита од корона