Долгото топло лето не е пречка Општина Карпош интензивно да работи на изградба на нови коловози за неколку улици во урбаните заедници.

Така, во скоро време ќе започне асфалтирање  на коловоз во урбаната заедница Нерези,  при што станува збор за улицата Козле 3. На истата ќе се изврши тампонирање и асфалтирање во должина од 220 метри, а од буџетот на Општина Карпош за таа намена се одвоени еден милион денари.

Во истата урбана заедница, во должина од 200 метри и широчина од три ипол метри, ќе се асфалтира улицата Козле 11, а нејзината реконструкција ќе чини 100 илјади денари.

Набрзо ќе започне и асфалтирањето на крак од улицата Скупи 6 во должина од 150 метри и широчина од три метри. Реконструкцијата на оваа улица, која се наоѓа во урбаната заедница Злокуќани, е во вредност од 500 илјади денари.