НОВ ЕКОЛОШКИ ПОКРИВ ВО ТАФТАЛИЏЕ 2
- август 23, 2017
- 0
Денеска, во индивидуалниот станбен објект на ул. Будимпештанска бр.18 во населбата Тафталиџе 2, се постави 184 метри ребраст, поцинкуван пластифициран лим, и 31 метар рамен лим.
Се повеќе граѓани на Општина Карпош се заинтересирани и учестуваат на повикот на локалната самоуправа за замена на азбестните покриви, со еколошки покриви кои се субвенционирани од страна на Општината. Локалната самоуправа и во иднина, ќе издвојува финансиски средства од својот буџет за оваа намена.