Во рамки на програмата на секторот за уредување на градежно земјиште и комунални работи, изминатиов период беше извршено партерно уредување на платото во дворот на ООУ „Петар Поп Арсов“, во урбаната заедница Карпош 4. Градежните активности ги изведуваше Друштвото за градежништво, производство, трговија и услуги „АТЕА ФЕМИЛИ“ ДООЕЛ, Зелениково.