Во пресрет на новогодишните и Божиќните празници, Општина Карпош  подели повеќе од петстотини новогодишни пакетчиња  на учениците од семејства во социјален ризик од основните училишта на територија на општината. Дел од новогодишните пакетчиња  се доделија и на децата кои ќе учествуваат на свечената Божиќна литургија во црквата „Света Троица“ во с. Бардовци.

     Денеска,  во холот на училиштето ООУ „Аврам Писевски„ во Бардовци , градоначалникот Стевчо Јакимовски ги  подели пакетчињата на учениците и им посака среќни празници и весел зимски распуст.

                -Денеска, поделивме новогодишни пакетчиња на деца од семејства кои се имотно послаби, се со цел да бидеме солидарни и да им обезбедиме овие празници да бидат исто толку весели како и на останатите – рече Јакимовски.