Вредните рачиња на учениците  од второ и трето  одделение, од ООУ ,,Братство”, во соработка со дечињата од големите групи од градинката ,,Мајски цвет”, минатата недела, ја збогатија новогодишната атмосфера во училиштето. Во заедничката работилница, освен што дружбата меѓу дечињата беше значајна,  се изработуваа и новогодишни лампиони, кои потоа ја украсија елката во холот на училиштето. Помош и поддршка на децата,  им беа нивните учителки и воспитувачки.